Свет Европа Во Барселона протест за поддршка на бегалците

Во Барселона протест за поддршка на бегалците

Најмалку 160.000 луѓе учествуваа на протест во Барселона со барање Владата на Шпанија да одобри прифаќање на повеќе бегалци од земји каде што има војна.

На големиот собир, демонстрантите со транспаренти „Доста изговори, примете ги сега“, и „Не на смртта, отворете ги границите“ протестираа во центарот на Барселона.

Владата во Шпанија во септември 2015 година се обврза во рок од две години да прифати 17.337 бегалци односно 15.888 од бегалските кампови во Италија и 1.449 од Грција и Либија.

Полицијата наведе дека 160.000 луѓе учествувале во маршот, додека организаторите процениле дека имало повеќе од 300.000.

На протестот се приклучила и градоначалничката на Барселона, Ада Колау која се залага шпанската влада да прими повеќе бегалци.