Македонија ВМРО-НП: Помалите партии да се вклучат во преговорите за медиумите

ВМРО-НП: Помалите партии да се вклучат во преговорите за медиумите

ВМРО – Народна партија смета дека помалите партии можат да придонесат во откочување на преговорите за медиумите, кои се водеа меѓу четирите најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

„Сегашниот целосен застој на преговорите предизвикан од несогласувањата на двете најголеми партии од македонскиот блок, според наше мислење, може бргу да се откочи со почитувањето на легитимното право на помалите политички партии да учествуваат во овие разговори“, велат од ВМРО-НП.

ВМРО-НП ги повикува сите новинарски здруженија, политичките партии што учествуваат во овој процес и меѓународниот посредник да се заложат за соодветно медиумско застапување на помалите политичките партии, кое, според законот, им обезбедува правично, избалансирано и непристрасно медиумско претставување, а конечниот договор да гарантира целосна и неодложна примена во практика.