Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот премиер за кого бизнисмени сведочат за корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е единствениот премиер за кого бизнисмени сведочат за корупција

Зоран Заев е единствениот премиер во Европа за кого бизнисмени сведочат дека бесрамно ја злоупотребувал службената положба барајќи поткуп, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека „Заев веќе нема кредибилитет да биде премиер“.

„Човек кој барал по едно евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата не може да биде на функција. Ваквото коруптивно однесување отвора простор за уцени на политичарот кој потоа може да прави концесии на сметка на државните и национални интереси само за да се спаси. Јавното обвинителство и судот мора да соберат храброст и да се ослободат од политичките стеги и притисоци од страна на власта за да го истераат случајот до крај“, се додава во соопштението.