Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ владее крајна безидејност и мрзливост

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ владее крајна безидејност и мрзливост

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја оценува како непродуктивна прес-конференцијата на опозицијата за програмата „Визијата за Македонија“ и наведува дека во СДСМ владее „крајна безидејност и мрзливост“.

„Граѓаните на Македонија знаат дека ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во нови училишта, детски градинки, осовременување на наставата со компјутери, набавка на најдобрата стручна литература достапна во светот, нови студентски капацитети и во реновирање на старите. Граѓаните на Македонија знаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ реновира болници и ги опремува со најсофистицирана опрема и гради нови амбуланти. Граѓаните совршено добро знаат колку оваа власт инвестираше во културата. Се градат театри, се снимаат филмови, се вложува во музиката“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.