Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски го напаѓа и му се заканува на Уставниот суд

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски го напаѓа и му се заканува на Уставниот суд

Срамно и скандалозно е кога генерален секретар на политичка партија кој во моментов извршува функција на технички министер во МВР јавно му се заканува и го напаѓа Уставниот суд на Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на изјавата министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Повикот на технички назначениот министер Оливер Спасовски не е ништо друго освен потценување и девалвирање на судовите и директно мешање во нивната работа. Ваков однос и вакви предупредувања и повици упатени од член на извршната кон судската власт се мешање во работата на судот без преседан“, велат од владејачката партија.

Од партијата го осудуваат секој обид на Оливер Спасовски насилно и со закани да влијае врз работата на Уставниот суд наметнувајќи му одлуки по негов вкус.