Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сега е единствена партија која е водена од лице аболирано...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сега е единствена партија која е водена од лице аболирано за криминал

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов целосно да ја поништи одлуката за помилување што ја донесе на 12 април.

„Изминативе 10 дена стана очигледно дека ниту Зоран Заев, ниту сопругот на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, ниту другите обвинети во случајот „Пуч“ имаат намера лично да побараат повлекување на аболициите. Со одлуката на претседателот Иванов и овие лица, со исклучок на Зоран Заев, ќе одговараат пред законот исто како и сите други граѓани. Со неа, до крај ќе излезе на виделина и целата конструкција на Зоран Заев против партиските членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сега „тежок 8 милиони евра“, Зоран Заев останува единствениот политичар кој благодарение на неговиот претходник во партијата, Бранко Црвенковски, е изземен од кривичен прогон.