Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ не ги разбираат препораките од ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: Од СДСМ не ги разбираат препораките од ЕУ

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека во опозицискиот СДСМ не ги разбираат препораките од Европската унија, кои се во насока на континуирано подобрување на стандардите и на функционалноста на институциите.

„Во тој правец се и активностите и на Владата и на Собранието и на сите други институции. Ако на СДСМ му пречат активностите на државните институции во насока на исполнување на критериуми и на стандарди, тогаш тоа е негов партиски проблем, а не проблем на државата“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека фондацијата на Сорос ги урива професионалните стандарди во новинарството и во македонските медиуми, истакнувајќи дека во изминатите години фондацијата доделила 92 милиони евра на медиуми и на новинари за да водат дневно-партиска агенда.

„Единствена цел на СДСМ и на Зоран Заев е да се приграбат до власт без избори и без поддршка од граѓаните, плашејќи се од судот на народот, кој девет изборни циклуси им кажува „не“ на избори“, стои во соопштението.