Македонија ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е нервозен откако почнавме јавно да ги повикуваме да излезат...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е нервозен откако почнавме јавно да ги повикуваме да излезат со наводните докази

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение повторно побара СДСМ да објави сè што има, „наместо да верглаат во место како што практикуваат“.

„Свесни дека и денеска, како и веќе два месеци наназад, некој од опозицијата ќе излезе да се сили со бомби, да се храбри, да се удира во гради со разни неартикулирани напади врз нашата партија, ВМРО-ДПМНЕ овојпат превентивно го повикува раководството на СДСМ, по третпат во последните две недели, слободно да објават што имаат во јавноста. Поучени од искуството досега и од начинот на тоа како тие функционираат, знаеме дека ќе реагираат дека сме нервозни, но јавноста гледа дека денеска единствено СДСМ е нервозен откако почнавме јавно да ги повикуваме да излезат со наводните докази. Единствени два збора кои постојано ги слушаме од СДСМ се „бомба“ и „стратегија“. Тие веројатно и денеска ќе кажат дека ќе објават согласно нивната стратегија. Но, површноста, инаетот, манипулациите и празното силење, и да се наречат стратегија никогаш, нема да се стратегија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.