Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Нема екстерно за студенти, туку државен испит

ВМРО-ДПМНЕ: Нема екстерно за студенти, туку државен испит

ВМРО-ДПМНЕ

Екстерниот испит кој СДСМ твдри дека треба да се полага е манипулација и невистина. Се работи за идеја за државен испит, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференцијата на претседателот на Комисијата за образование, Петар Атанасов од СДСМ.

– Сега СДСМ вулгарно сака да капитализира политички профит на грбот на студентите и да ги претстави како нивна експозитура, што во суштина е класична злоупотреба и поигрување со студентите. СДСМ свесно и намерно сака да внесе забуна и шири дезинформации за реформата што се однесува на подобрување на знаењето и на квалитетот во високото образование и полагање државен испит – се вели во реакцијата на владејачката партија.