Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Жерновски веќе не поминуваат кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Жерновски веќе не поминуваат кај граѓаните

„Андреј Жерновски е пример за лажна грижа за своите граѓани. Наместо да се грижи и да реализира проекти, тој на најнедомаќински начин ги троши парите на центарци и ги занемарува нивните реални проблеми“, рече денеска на прес-конференција Марија Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ

– Додека граѓаните имаат сериозни проблеми како недостиг на места во градинките, неасфалтирани улици во 21 век, проблеми со чистењето на снегот, недостиг од паркинг-места за автомобилите и многу други работи, Жерновски им пружа уживање од 1,2 милиони евра на боемските улици. Лагите и слаткоречивите фејсбук-статуси на Жерновски веќе не поминуваат кај граѓаните. Очигледно е дека Жерновски во ниту еден момент не работел во функција на граѓаните – вели Јакимовска.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните на општина Центар напролет ќе стават крај на ова незаинтересирано и боемско владеење на Андреј Жерновски.