Македонија ВМРО-ДПМНЕ: И оваа кривична пријава од СДСМ е неоснована

ВМРО-ДПМНЕ: И оваа кривична пријава од СДСМ е неоснована

Со денешната изјава, Петре Шилегов се подреди во редот на лица кои свесно нанесуваат штета на безбедносниот систем на Македонија и на нејзиниот углед, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод изјавата на Шилегов, портпаролот на СДСМ.

– Ниту една празна прес-конференција и ниту една празна пријава нема да може да го покрие срамот што на себе си го ставија Зоран Заев, Петре Шилегов и СДСМ. Тие покажаа дека се спремни да одат против сопствената држава, против нејзината безбедност, да предизвикуваат дестабилизации, а сето тоа само за да се доберат до власт без поддршка од граѓаните – пишува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

И оваа пријава која ја поднесува СДСМ, како и претходните, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, е правно неоснована и нема никаква правна аргументација зад себе.