Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се гушат, Шилегов и СДСМ мува не ги лази

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се гушат, Шилегов и СДСМ мува не ги лази

Скопје се гуши, а Петре Шилегов и владата на СДС мува не ги лази. Нивото на загаденост на воздухот во последните неколку дена достигна досега невидени размери, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите.

„Додека граѓаните секојдневно се гушат во загадениот и за здравјето кобен воздух, за Петре Шилегов тоа е реално шоу. Истиот тој Шилегов до пред само два месеци во борба за гласовите на скопјани ветуваше чист воздух и здрава животна средина. За сега истото да го гледа низ призмата на реално шоу. Централната власт која повеќе од 7 месеци ги контролира сите институции не превзема ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, напротив квалитетот на воздухот опаѓа, загаденоста е енормна, а граѓаните се жртва на неодговорната политика на СДС“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ граѓаните се жртва на неодговорната политика на СДСМ и дека со своето здравје ја плаќаат цената за неодговорноста на властите.

Од опозицијата апелираат Владата и Градот Скопје итно треба да превземаат мерки за заштита на граѓаните.