Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Финансирањето на партијата е транспарентно

ВМРО-ДПМНЕ: Финансирањето на партијата е транспарентно

Целокупната финансиска работа на ВМРО-ДПМНЕ е транспарентна и во согласност со правните прописи, се вели во реакцијата на владејачката партија, по повод соопштението на „Транспарентност Македонија“  дека владејачката партија на американски компании им платила 1,7 милиони долари за лобирање.

– Ако навистина сакаат да се позанимаваат со вистински афери, ги повикуваме членовите на „Транспарентност Македонија“ кои до пладне се партиски активисти на СДСМ, а попладне глумат експерти, да ги погледнат финансиските трансакции на нивните партиски патрони и ангажирањата на странски консилиери – се вели, меѓу другото, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.