Македонија ВМРО-ДПМНЕ денеска слави 27 години од основањето на партијата

ВМРО-ДПМНЕ денеска слави 27 години од основањето на партијата

ВМРО-ДПМНЕ денеска прославува 27 години од формирањето на политичката партија, како и 124 години од основањето на Внатрешно-македонската револуционерна организација.

Церемонијата ќе се одржи вечерва, со почеток во 19 часот, во Музејот на македонската револуционерна борба, под мотото „Единствени“.

Во рамки на манифестацијата на одбележување на роденденот, вчера и завчера партијата одржа две панел-дискусии: „Единствени кои носат инвестиции и отвoраат работни места“ и  „Единствени кои реализираат проекти во инфраструктурата“.