Македонија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе блокира раскрсници и ќе протестира пред Министерството за правда

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе блокира раскрсници и ќе протестира пред Министерството за правда

ВМРО-ДПМНЕ денеска во периодот од 15 до 17 часот во Скопје ќе ги блокира раскрсниците кај „Мавровка“, помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Влае и крстосницата „Рампа“ во Кисела Вода. Протестот против притворањето на триесетина лица поради насилствата во Собранието од 27 април е закажан во 18 часот пред Министерството за правда.

„ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени. ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон“, порача утрово партијата.