Култура Влатко Стефановски ќе одржи работилница за гитара во Крушево

Влатко Стефановски ќе одржи работилница за гитара во Крушево

Познатиот гитарист Влатко Стефановски ќе одржи работилница за гитара во Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево, од 24 до 26 јуни.

Пријавувањето за првата работилница почнува уште денеска и ќе трае еден месец. Заинтересираните може да пополнат апликација поставена на веб-страницата www.krusevoworkshop.mk, каде се наведени и условите за учество.

Курсот за сите што сакаат да научат повеќе за свирењето гитара е бесплатен. Работилницата е проект од програмата на Владата на РМ и ќе ја организира продукцијата „Трето уво“.

Во план е секоја година да се организираат музички работилници за различни видови инструменти под менторство на афирмирани музичари.