Македонија Владика Петар: Не сум уапсен, бев во полиција по претходна покана

Владика Петар: Не сум уапсен, бев во полиција по претходна покана

Владиката Петар, за Канал 5 телевизија ги демантира објавените информации дека бил упасен од полицијата во Мелбурн, Австралија.

– Веста за мое апсење е лага и конструкција зад која стојат струмичкиот Владика Наум и
Игуменот Гаврил против кого се води црковно­канонска судска постапка за расчинување – изјавил Владиката Петар.

Тој рекол дека бил во полиција по претходна покана за дело во кое бил вмешан игуменот Гаврил.

Медиумите од Австралија, утринава пренесоа дека надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија, Владиката Петар бил приведен и повикан на информативен разговор во полицијата во Мелбурн.