Економија Владата со пакет мерки за надомест на штетите од болеста син јазик

Владата со пакет мерки за надомест на штетите од болеста син јазик

Владата подготви пакет мерки кои треба да им помогнат на сточарите да ги надоместат штетите од болеста син јазик, од која оваа година угинаа околу 18.000 овци, информираше денеска министерот за земјодество, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков.

– Со одлука на Владата, сточарите ќе бидат ослободени од надомест за напасување за 2014 година, а субвенциите ќе им бидат исплатени за сите пријавени овци кои останале, но и за угинатите. Ќе дадеме и 4.000 денари по оставено женско јагне за да го повратиме сточниот фонд што е угинат – изјави Цветков.

Мерките, како што информираше Цветков, ќе важат и за говедата и за козите, иако од болеста се угинати само 10 крави и 100 кози.

Болеста син јазик оваа година првпат се појави во беровскиот крај, а потоа се прошири и во штипскиот, радовишкиот, кочанскиот и во овчеполскиот регион.