Македонија Владата распиша оглас за економски промотор за Индијанаполис и за Монтреал

Владата распиша оглас за економски промотор за Индијанаполис и за Монтреал

Владата на Република Македонија, преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, објави оглас за пројавување интерес за економски промотор, и тоа за еден извршител во Индијанаполис (САД) и за еден извршител во Монтреал (Канада).

– Нашата цел е да бидат избрани најспособните и најквалитетните кандидати, кои потоа со своите способности ќе можат да придонесат во општиот економски развој на Република Македонија, во отворањето на новите фабрики и во отворањето на новите работни места – истакна Ѓорѓиев.