Македонија Владата ја упростува постапката за напредување на вработените во државната администрација

Владата ја упростува постапката за напредување на вработените во државната администрација

Премиерот и министрите на денешната седница го прифатија предлогот на Министерството за информатичко општество и администрација за измени и за дополнувања на Законот за административни службеници.

Со предложените измени, како што се наведува во соопштението, се упростуваат постапките за напредување и за усовршување на вработените во државната администрација.

Владата, исто така, го усвоила заклучокот во врска со годишниот извештај на Народниот правобранител за состојбата со човековите права во Македонија во 2016 година, кој е доставен до Собранието на Република Македонија.

Владата, како што се наведува во соопштението, се обврзувала посветено да работи на унапредување на состојбите со човековите права и по доставените препораки од Народниот правобранител ќе преземе активности за нивно спроведување согласно Законот за Народен правобранител на Република Македонија.