Македонија Владата демантира дека очилата за сонце на Груевски чинат 60.000 долари

Владата демантира дека очилата за сонце на Груевски чинат 60.000 долари

Владата на Македонија испрати демант во врска со пишувањата во дел од медиумите за цената на очилата за сонце на премиерот Никола Груевски.

– Сакаме да истакнеме дека се целосно неточни и невистинити наводите објавени во дел од медиумите дека очилата за сонце на премиерот Никола Груевски наводно чинат 60.000 американски долари и тие неточни и невистинити наводи енергично ги демантираме. Очилата за сонце воопшто не се дијамантски или луксузни како што неточно се наведува, туку се обични очила за сонце купени по просечна цена, какви што може да се купат во секоја обична продавница за очила за сонце во Скопје – се вели во демантот на Владата.