Македонија Владатa даде 36.500 евра за фитнес-опрема

Владатa даде 36.500 евра за фитнес-опрема

Службата за општи и заеднички работи на Владата денеска потпиша договор за набавка на фитнес-опрема со фримата „Соникс“.

Во договорот објавен на електронскиот систем за јавни набавки пишува дека се набавуваат два фитнес-велосипеди со потпирач за грб, три статични велосипеди, четири парчиња опрема за кревање тегови и пет тега за прачка.

За набавката на оваа опрема Владата ќе издвои 36.500 евра.