Главна секција Владата побара писмено да ѝ се достават предлози за реформи во образованието

Владата побара писмено да ѝ се достават предлози за реформи во образованието

Владата на Република Македонија денеска ги повика универзитетите да достават предлози за реформи во високото образование.

„Владата на Република Македонија денеска упатува уште еден повик и замолница, до сите субјекти кои имаат интерес и конкретни и аргументирани идеи и предлози за понатамошно унапредување на реформата, до сите универзитети, до целата професорска бранша и до сите студенти, вклучувајќи ги и оние професори и студенти кои побараа, а во текот на вчерашниот ден и прифатија учество во дебата, а потоа решија да не присуствуваат на истата, да ги испратат своите предлози за квалитативно надградување и дополнување на текстот и на членовите на предложените законски реформи, до Владата или до Министерството за образование и наука во писмена верзија, за да може да бидат соодветно, детално и сеопфатно разгледани и да се увиди можноста за нивно вградување во законските решенија“, стои во повикот.

Во соопштението се наведува дека Владата е отворена за сугестии и подготвена да ги разгледува и анализира сите аргументирани предлози што ќе пристигнат.