Главна секција Владата ќе му предложи на Пендаровски да прогласи уште 30 дена вонредна...

Владата ќе му предложи на Пендаровски да прогласи уште 30 дена вонредна состојба

Владата на 41. седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребно е вонредната состојба да се продолжи за уште еден месец.

Претседателот Стево Пендаровски при вчерашната посета на касарната во Тетово информираше дека е голема веројатноста да се прогласат нови 30 денови вонредна состојба, имајќи ги предвид состојбите до денес.

Сепак одлуката ќе се донесе в четврток на состанок на Советот за безбедност кога изминуваат првите 30 денови од прогласувањето на вонредната состојба.