Македонија Вкупно 2.843 бегалци влегле во земјава во изминатите 24 часа

Вкупно 2.843 бегалци влегле во земјава во изминатите 24 часа

Во изминатите 24 часа, издадени се потврди на вкупно 2.843 странски државјани, од кои 1.205 се од машки пол, 572 се жени, а 1.061 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.

Потврда за искажана намера за поднесување барање за признавањеправо на азил е издадена и на пет деца што патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 1.603, Авганистан – 897 и на Ирак – 343.