Македонија Високите катови во Аеродром и во Ново Лисиче без вода в недела

Високите катови во Аеродром и во Ново Лисиче без вода в недела

Почнувајќи од првите минути по полноќ, в недела ќе биде во прекин дотекот на вода за високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, извести Град Скопје.

Прекинот е поради зафат на водоводните цевки кај кружниот тек на булеварот Србија и на улицата Христо Татарчев.

Водоснабдувањето ќе се нормализира дури по завршување на зафатот, а информации може да се побараат од ЈП „Водовод и канализација“ на телефонскиот број 02/3073010.