Економија Винопедиа – онлајн винска карта за 250 македонски винарии

Винопедиа – онлајн винска карта за 250 македонски винарии

Дигитално мапирање на македонските винарии

Фото: Здравко Јосифовски, Винопедиа

Фото: Здравко Јосифовски, Винопедиа

Винопедиа е првата македонска винска енциклопедија и винска географска карта која содржи 250 винарии од земјава и од денеска е јавно достапна онлајн. На нејзе се геолоцирани и дигитално мапирани винариите од земјава, а содржи и дополнителни информации за повеќе угостителски објекти. Дури 167 од винариите се всушност семејни винарии управувани од физички лица.

Во соработка со НУК – Независната угостителска комора, во винската карта се вклучени и разни историски дестинации, вински продавници и ресторани

„За помалку од 24 часа од официјалното објавување на онлајн винската карта, истата имала повеќе од 1.000 посетители. Точноста на информациите е обезбедена во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, Катедра за лозарство и винарство и Институтот за овоштарство, лозарство и винарство“, соопшти Здравко Јосифовски, автор и иницијатор на проектот.