fbpx

Викендов во Кавадарци се одржа 12-тото издание на Фестивалот на младо вино

-

По повод месецот на виното и традиционалното одбележување на производството на вино, изминатите три дена се одржа 12-тото издание на Фестивалот на младо вино на Винарската визба „Тиквеш“. По минатогодишното онлајн издание, оваа година беше овозможена посета на голем број на јавни личности, претставници од различни сектори и институции и соработници на винаријата да присуствуваат на настанот преку долгогодишниот препознатлив формат и на старата локација во Кавадарци.

Сите присутни имале можност да вкусат вина од последната берба, кои според високите оцени на енолозите биле оценети со одлични карактеристики. И оваа година, винарската визба „Тиквеш“ им овозможила на сите посетители на Фестивалот да дадат свои парични донации, а за возврат винарницата на секој од нив им подарила младо вино, кое не може да се најде во продажната мрежа. Собраните средства се наменети за поддршка на функционирањето и активностите на организацијата СОС Детско Село.

Покрај дегустацијата на храна и вино, гостите на настанот уживале во пријатна атмосфера за кој се погрижиле Мијата и Дани од македонската поп-музичка сцена, како и Амира Медуњанин и Нина Бадриќ, како претставнички на регионалната музичка сцена, а водител на настанот бил актерот Сашко Коцев.

Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ се одржува секоја година во третиот викенд од месец ноември, истовремено со останатите фестивали ширум светот посветени на младото вино. Овој фестивал е прв од ваков карактер во нашата земја и има значајна улога во градењето на винската култура и создавањето сопствена традиција на евалуација на виното од последната берба, како што е случајот во многу други земји – производители на вино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...