Забава Вилијам и Кејт ќе добијат ќерка

Вилијам и Кејт ќе добијат ќерка

Малата принцеза би требало да се роди во април

Принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон ќе добијат ќерка.

Малата принцеза би требало да се роди во април и речиси сигурно ќе биде крстена по покојната мајка на Вилијам, Дајана.

– Блиски пријатели на Вилијам и на Кејт открија дека нивната ќерка ќе се вика Дајана. Уште пред да се роди Џорџ, разговарале за женски имиња и сега се навистина среќни што ќе можат да ѝ оддадат ваква почит на покојната принцеза, изјави Ендрју Мортон, авторот на биографијата на принцезата Дајана.

Британските медиуми наведуваат дека Кејт воопшти не штедела при набавката на сè што е потребно за едно женско бебе и веќе е подготвен цел орман облека за идната принцеза Дајана.