Македонија (ВИДЕО) Со медикоптер утрово итно бил транспортиран пациент од Скопје до Виена

(ВИДЕО) Со медикоптер утрово итно бил транспортиран пациент од Скопје до Виена

На овој прв меѓународен реализиран лет во историјата на земјава, присуствуваа дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев,  директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на болницата „8 Септември” д-р Христијан Костов

Фото: МВР

Со медицински хеликоптер во сопственост на Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска беше транспортиран пациент од Скопје до Австрија. На овој прв меѓународен реализиран лет од вавков вид во последните 30 години, присуствуваа дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев,  директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и директорот на болницата „8 Септември” д-р Христијан Костов.

„Оваа хумана мисија ја демонстрира кооперативноста на двете министерства за внатрешни работи и за здравство, но и го потенцира значењето на интеграцијата на модерните технологии и ресурси во спасувачките и медицинските операции”, кажа Бојамацалиев.

Тој им честиташе на тимовите за подготовка и соработка помеѓу МВР и медицинскиот персонал од „8 Септември”, со што уште еднаш се потврдиле капацитетите за брза реакција во итни медицински случаи.

Д-р Костов кажа дека во најкраток временски период се докажа подготвеноста и кооперативноста на МВР и МЗ, со цел подобрување на услугите за граѓаните преку обезбедување на медицинска помош на пациенти на кои им е потребен итен транспорт до други здравствени установи.

„Болницата набави и вгради најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти во медикоптерот за итен медицински транспорт. Заедно со Министерството за внатрешни работи ја утврдивме медицинската и безбедносната маршута на движење на медикоптерот, со цел безбедно пристигнување на нашиот пациент во придружба на искусен медицински тим за интензивно лекување до Клиниката во Виена“, рече Костов.