Македонија (ВИДЕО) СДСМ: „Мој термин“ постојано откажува

(ВИДЕО) СДСМ: „Мој термин“ постојано откажува

Проектот „Мој термин“ постојано откажува. Редовно продуцира проблеми на штета на граѓаните и на лекарите. Проектот стана ничиј термин. Низ клиничките ходници се создаваат редици од нервозни граѓани и лекари. Медицинскиот персонал не може да прегледува нормално. Лекарите не можат да издадат електричен упат поради блокада на системот. Наместо електронски, се пишуваат рецепти и упати на хартија, кои потоа никој не сака да ги прими, вели доктор Гоце Чакаровски, претседател на Комисија за здравство на СДСМ.