Свет Велика Британија слави 800 години од „Магна карта“

Велика Британија слави 800 години од „Магна карта“

Велика Британија со бројни настани денеска одбележува 800 години од првиот англиски уставен документ. Големата повелба на слободата или „Магна карта лебертатум“, потпишана е на 15 јуни 1215 година, а била прв чекор кон долгиот историски процес кој довел до правна држава.

„Магна карта“ ја потпишал англискиот крал Џон, а тогаш бил практичен документ, мировен договор со побунетото благородништво, но го посеало семето на човековите прва и на владеењето на правото.

Иако почнал како проблематичен мировен договор на неуспешниот крал и на побунетите благородици во јалов обид да се избегне граѓанската војна, „Магна карта“ во идните столетија ќе се развие во еден од најважните историски документи и денес се почитува како темел на претставничката власт и на демократизацијата и зачеток на почитувањето на човековите права.

„Магна карта“ е напишана на латински јазик на овча кожа. Има околу 3.500 зборови. Четирите сочувани копии ги препишувале различни писари, па поради печатни грешки не се целосно исти.