Македонија Вељаноски: Зошто на Дескоска никој не ѝ кажал дека и СДСМ не...

Вељаноски: Зошто на Дескоска никој не ѝ кажал дека и СДСМ не сакаше да бидат одземени мандатите

Македонскиот законодавен дом ќе функционира единствено и само врз основа на правните прописи, реагира претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на обвинувањата од СДСМ дека тој противзаконски не им ги потврдил оставките на мандатите на пратениците од оваа партија.

„Енигма е зошто на госпоѓа Десковска досега не ѝ кажале дека одложувањето на седницата за верификација на оставките на дел од пратениците на СДСМ беше со заемна согласност“, се вели во соопштението од претседателот на Собранието.