Македонија Вељаноски ќе одржи прием по повод Денот на независноста

Вељаноски ќе одржи прием по повод Денот на независноста

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, вечерва, по повод Денот на независноста, ќе приреди свечен прием.

На приемот е поканет државниот врв, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор, како и претставници од сите сфери на политичкиот, културниот, научниот и на економскиот живот.

Приемот ќе се одржи во Кристалната сала на Собранието.