Македонија Ноќеска почнува летното сметање на времето

Ноќеска почнува летното сметање на времето

Викендов почнува летното сметање на времето така што вечерва во 2 часот часовникот ќе се помести за еден час понапред и ќе биде 3 часот.

Летното сметање на времето ќе заврши на 30 октомври во 3 часот, со поместување за еден час наназад, кога почнува зимското сметање на времето.

Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2017 година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.

Преминувањето на летно и на зимско сметање на времето првпат е направено во 1916 година во земјите на северот на Европа поради заштеда на енергија, а сега се применува во 70 земји.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.