Македонија Вечерва нов протест на „Шарената револуција“

Вечерва нов протест на „Шарената револуција“

Вечерва, во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство, „Шарената револуција“ ќе протестира против издавањето на еврообврзницата.

Во најавата за протестот пишува дека нема правда додека јавниот долг вртоглаво се зголемува.

„Протест! Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте. Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално. Нема да дозволиме! Не прифаќаме државата и граѓаните да тонат во долгови! Не ги признаваме долговите на расипниците“, пишува на фејсбук-страницата на „Шарената револуција“.

Последниот протест на „Шарената револуција“ беше во средата минатата недела. Тогаш граѓаните побараа Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и политичките партии да дозволат граѓанскиот сектор да учествува во преговорите за надминување на кризата.