Култура Вечерва изложба „Спомени од Чешка“ на охриѓанецот Никола Павлески

Вечерва изложба „Спомени од Чешка“ на охриѓанецот Никола Павлески

Вечерва, од 19 часот, во Културно-информативниот центар „Култура 365“ во Охрид, ќе биде отворена изложбата на фотографии, со наслов „Спомени од Чешка“, на охриѓанецот Никола Павлески.

Сè до 18 март изложени ќе бидат фотографии со мотиви од културното наследство и од секојдневието на Република Чешка.

Никола Павлески своите фотографии на разни теми ги има изложено во Македонија и во други земји, а некои се објавувани и во разни публикации.

Најновата изложба е плод на неговата неодамнешна посета на Република Чешка, каде изложуваше фотографии од Македонија.