Култура Вечерна програма на „Синедејс“

Вечерна програма на „Синедејс“

Фестивал на европски филм „Синедејс“

На репертоарот од програмата на „Синедејс“, денеска во кино „Милениум“, од 17:30 часот, ќе се прикажува филмот на Мишел Гондри „Дали е среќен човекот што е висок“, во кој играат Мишел Гондри и Ноам Чомски.

Во кино „Фросина“, во МКЦ,  во 19 часот ќе се прикажува „Спомени во камен“ на Шавкат Амин Корки.

„Кажи како се викам“ на Нигина Сејфулаева, филм кој беше прикажуван на филмски фестивали и во Шпанија и во Сенкт Петербург, ќе се прикажува во киното „Фросина“ во 21 часот.

Во 22:30 часот во кино „Милениум“ од селекцијата „Гала-премиера“, на програмата е „Зимски сон“ на Нури Билге Цејлан, филм кој беше прикажуван на повеќе од десет филмски фестивали годинава.