Македонија Вчера издадени потврди на вкупно 1.794 мигранти

Вчера издадени потврди на вкупно 1.794 мигранти

Вчера Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 1.794 мигранти. Од нив, како што соопштуваат од министерството, најголем број се државјани на Авганистан, вкупно 958 лица,од Сирија биле регистрирани 524 лица и од Ирак 312 мигранти.

Минатата недела, Македонија, Србија, Хрватска и Словенија ги затворија границите за економските мигранти од другите земји и дозволуваат протек само за бегалците од кризните жаришта, односно од Сирија, Авганистан и од Ирак.

Од 19 јуни, кога почна регистрацијата на мигрантите и издавањето на потврди, заклучно со вчера, според податоците на МВР, низ земјава транзитирале вкупно 279.914 мигранти.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија (168.996), потоа на Авганистан (64.806), Ирак (24.679), Иран (6.231), Пакистан (5.416), Палестина (2.158), Сомалија (1.276), Бангладеш (1.253), Мароко (1.311), Конго (514), Либан (434), Алжир (453), Нигерија (277) и помал број од други земји.

Од МВР инофрмираат дека вчера до Одделението за азил биле поднесени четири нови барања за азил во земјава, со што вкупниот број на мигранти што побарале да останат во земјава, од 19 јуни до денеска, сега изнесува вкупно 80 лица.