Македонија Вчера биле аплицирани 13.296 вакцини, досега се вакцинирани 712.338 граѓани

Вчера биле аплицирани 13.296 вакцини, досега се вакцинирани 712.338 граѓани

Фото: Мета.мк

Министерството за здравство информира дека на вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 712.338 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 8.530 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.296 граѓани. Во државата досега се аплицирани 1.234.123 дози вакцини, а ревакцинирани се 521.784 граѓани.

Со последните бројки 51 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 26 отсто од населението помеѓу 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин може да се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

„Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, информираат од Министерството за здравство.