Uncategorized Вавринка против Федерер во полуфиналето во Лондон

Вавринка против Федерер во полуфиналето во Лондон

Вавринка е последниот полуфиналист на Мастерс турнирот во Лондон

Швајцарецот Станислас Вавринка го победи хрватскиот тенисер Марин Чилиќ во три сета, со 6:3, 4:6 и 6:3 по сетови, на последниот меч од групната фаза на Мастерс турнирот во Лондон.
Во полуфиналето, Вавринка ќе се соочи со својот сонародник Рожер Федерер, кој претходно го совлада Енди Мареј со 6:0 и 6:1 по сетови. Полуфинален меч на завршниот АТП-турнир обезбедија и Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори. Нишикори во полуфиналето на Отвореното првенство на САД во септемри го елиминираше Ѓоковиќ во четири сета.