Македонија Васко Ковачевски поднесе оставка од директорската позиција во ЕСМ

Васко Ковачевски поднесе оставка од директорската позиција во ЕСМ

Васко Ковачевски беше избран за претседател на управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ во јули 2019 година

Фото: Влада на РСМ

Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски поднесе оставка од функцијата поради лични причини. Оставката ја потврди и премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека досегашниот директор на ЕСМ ја имал потребата да му се посвети на своето семејство. Писмената оставка ќе биде усвоена на следната владина седница.

Премиерот Ковачевски информираше дека ќе биде препорачано за нов директор на АД ЕСМ да биде избран Васко Стефанов, кој претходно беше директор на АД Пошти и на Водостопанство и имал големо менаџерско искуство.

Инаку, Васко Ковачевски беше избран за претседател на управниот одбор и за генерален директор на АД ЕСМ во јули 2019 година, а на оваа функција дојде од местото директор на РЕК „Битола“, каде што беше назначен во јануари 2018 година.