Култура Василичарски концерт на Македонска опера и балет

Василичарски концерт на Македонска опера и балет

Македонска опера и балет в понеделник и во вторник, 12 и 13 јануари 2015 година, ќе одржи два концерти насловени „Најдоброто од најдобрите“. Се работи за колаж на најдобрите нумери од трите поранешни концерти „Свинг енд џез“; „Македонски евергрин“ и „Филмски ноти“.

Ќе настапат ѕвездите од естрадата: Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Влатко Лозановски, Нина Јанева, Сара Мејс, Александра Јанева, Ѓоко Танески, Џон Илија Апелгрин, Маја Гроздановска-Панчева, Дејан Бобиќ – Дексо, Горан Наумовски, Горан Папаз, Марија Димитријевиќ, Александар Тарабунов и оперските солисти Владимир Саздовски, Сандра Митровска, Марјан Стојановски, Наде Талевска-Спасовска, Ѓорѓи Цуцковски, Весна Гиновска-Илкова, како и хорот и оркестарот на МОБ.

Диригент е Бисера Чадловска.