Македонија Ванхауте утре ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за прислушувањето

Ванхауте утре ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за прислушувањето

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте утре ќе присуствува на седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Причината за тоа е што членовите на оваа комсија веќе две седници не можат да го усвојат деловникот за работа.

Најспорна точка за членовите од парламентарното мнозинство е ставката од членот 16 од деловникот, со кој се предвидува дека во случај на изедначени гласови на членовите на комисијата, решавачка улога за одлуката има гласот на претседателот на комисијата.

За да нема недоразбирање и понатамошни одолжувања на работата на комисијата, Шилегов соопшти дека седницата ќе продолжи утре, во присуство на посредникот од Белгија, Питер Ванхауте, кој ќе даде исказ пред нив во однос на ова прашање.

На ова реагираа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои по прекинувањето на седницата прашаа зошто белгискиот експерт да присуствува на седница кога не може да гласа.