Македонија Ванхауте е оптимист дека денеска ќе се решат преостанатите две прашања од...

Ванхауте е оптимист дека денеска ќе се решат преостанатите две прашања од договорот

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред денешната средба на работната група во Клубот на пратеници, рече дека е оптимист и дека се надева дека денеска ќе се решат двете преостанати прашања од Договорот од Пржино.

Тој рече дека денеска ќе се разговара за два проблеми, односно за медиумите и за методологијaта за прочистувње на избирачкиот списиок.

– Очекуваме дека денеска ќе има конструктивна соработка од сите партии и има индиции дека денешните разговори ќе бидат подобри од тие што се водеа претходно. Денеска ќе работиме до кога е потребно за да направиме еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, утре да може полесно да заклучи некој од поголемите проблеми – рече Ванхауте.

Одговрајќи на новинарско прашање, тој рече дека работат на тоа да се овозможат добри и фер избори и дека не се сомнева дека премиерот Никола Груевски ќе си ја исполни својата обврска и ќе поднесе оставка.