Македонија Ван Хојте: Многу сме блиску до договор

Ван Хојте: Многу сме блиску до договор

Денеска разговаравме за изборните закони и морам да кажам дека има сериозен напредок, изјави белгискиот експерт Питер ван Хојте, по завршувањето на средбата на работните групи на која се разговараше за Изборниот законик.

Како што вели тој, разговорите изминативе неколку дена биле многу продуктивни и конструктивни како и преговарачите кои давале огромен напор за да се постигне резултат. Ван Хојте вели дека е постигнат сериозен напредок околу Изборниот законик, но најважно од се е што бил постигнат политички договор.

За техничките детаљи околу Изборниот законик и за гласањето вели дека не е задача на оваа работна група.

– Многу сум задоволен што можам да кажам дека конечно постигнуваме добар напредок, околу темите за кои разговараме. Денеска предмет на разговор беше Изборниот законик и сите преговарачи активно придонесоа во дискусијата. Многу сме блиску до договор – изјави Ван Хојте.