Свет Европа Валс: 1.400 Французи се приклучиле на џихадистите

Валс: 1.400 Французи се приклучиле на џихадистите

Околу 1.400 Французи или лица што имаат престој во Франција веќе заминале или се спремни да отидат и да се борат во Сирија или во Ирак, а 70 загинале на боиштата, соопшти францускиот премиер Мануел Валс.

Податоците покажуваат зголемување на бројката во споредба со процената на владата од пред неколку недели, кога се споменуваа 1.200 борци и 60 мртви.

Кон средината на декември минатата година, властите проценија дека 1.200 Французи се приклучиле на џихадистичките организации, од кои 390 веќе биле во Сирија и во Ирак, а околу 230 биле на пат кон тие земји.