Свет Свет Валенса: Путин му објави војна на светот

Валенса: Путин му објави војна на светот

Лех Валенса

Поранешниот полски претседател, Лех Валенса, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека му објавил војна на светот.

Валенса смета дека Путин не ги почитува меѓународните обврски на Русија кон Украина, ниту нејзините граници.

– Ситуацијата на Истокот е особено опасна. Кога се предаваше нуклеарното оружје, големите сили дадоа гаранција дека ќе се почитуваат границите на Украина, а тој тоа го оспори, го прекрши договорот и му објави војна на светот – смета поранешниот претседател.

Веленса оцени дека Путин во меѓународните односи користи недозволени методи.