Македонија В сабота ќе се одржи јубилејниот Марш на црвените чадори

В сабота ќе се одржи јубилејниот Марш на црвените чадори

фото: СТАР - Прв колектив на сексуални работници на Балканот

На 17 ноември во Скопје ќе се одржи јубилејниот, петнаесетти по ред Марш на црвените чадори, по повод Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Маршот го организираат СТАР – првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со партнерите и поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, ТрансФормА и Коалиција Маргини, во рамки на кампањата „15 години колективен глас против насилството врз нас“.

Маршот ќе започне во сабота во 12 часот на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, а ќе заврши на плоштадот „Филип Втори“.

„Овогодинешната кампања ја посветуваме на 15 годишниот јубилеј, преку ретроспектива на изминатите маршеви на црвени чадори, на сите наши успеси, постигнувања, јавни пораки и барања, но и предизвици и проблеми со кои сме се соочувале низ годините во борбата против насилството и дискриминацијата“, велат организаторите на Маршот на црвените чадори.