Македонија В сабота ќе бидат промовирани нови живеалишта во битолската Зоолошка градина

В сабота ќе бидат промовирани нови живеалишта во битолската Зоолошка градина

В сабота (6 декември), со почеток во 11 часот, ќе бидат промовирани реконструираните живеалишта за мечката, рисот, лавот, тигарот, лисицата, ракунот, мајмуните и фармата за домашни животни, како и двата комплементарни објекти, влезот и билетарницата во Зоолошката градина во Битола.

Реконструкцијата на живеалиштата e во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин – ЗОО иноватива”, финансиран од делегацијата на Европска Унија и од Министерството за локална самоуправа.

На отворањето ќе настапат Ламбе Алабаковски со детскиот хор „Звончиња“, „Паркети“, Бојан Стојоков, детските звезди од музичкиот фестивал „Тра-ла-ла“ и детската транцова група „Степ ап“.